Вонредна контрола во Општина Струмица и Општина Василевo

Во Општините Струмица и Василевo е извршена вонредна контрола на 22.03. 2021 година  во согласност со годишниот и месечниот план на Државниот инспекторат за локална самоуправа. Оваа контрола ја извршија инспекторите на Државниот инспекторат за локална самоуправа во просториите на соодветните општини, каде што ја надгледуваа законитоста на актите на општините, како и постапката за нивно одобрување, регулирана со Законот за Државен инспекторат за локална самоуправа,каде што остварија средба со претставници на двете општини и разговараа за досегашната соработка.