Вонреден надзор во Општина Врапчиште

Инспекторите од Државниот инспекторат за локална самоуправа , денес на 17.05.2021 година извршија Вонреден надзор во општина Врапчиште.

Надзорот беше извршен врз основа на иницијатива покрената од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

Присутни на овој инспекциски надзор  беа градоначалникот на општината,  и претставници на општина Врапчиште кои беа запознати со предметот на надзор.

Иницијативата  на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција за спроведување на Вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за локална самоуправа , беше  во врска со работата на општинскиот совет и вклученоста на општинскиот совет во одлуките донесени за 7-те катастарски парцели во с. Врапчиште.

Во текот на надзорот ,  Државниот инспекторат за локална самоуправа постапува согласно своите надлежности, во согласност со Законот за локална самоуправа, Законот за државниот инспекторат за локална самоуправа и Законот за инспекциски надзор.