Вонреден инспекциски надзор во Oпштина Кочани и Oпштина Зрновци

Инспекторите од   Државниот инспекторат за локална самоуправа на ден 01.04.2021година  извршиа Вонреден инспекциски надзор во Општините Кочани и Зрновци  во согласност со месечниот и годишниот план на инспекциската служба.

Државниот инспекторат за локална самоуправа постапува согласно надлежностите кои ги поседува , вршење надзор на законитоста на прописите на општините како и постапката за нивното  донесување утврдени со Законот за Државниот инспекторат за локална самоуправа.