Вонреден инспекциски надзор во Општина Гевгелија

По добиена претставка до Државниот инспекторат за локална самоуправа, на ден 20.08.2020 година, беше извршен вонреден инспекциски надзор со инспекторите во општина Гевгелија.

Извршен е увид во деталната документација за проблемот со кој што се соочува оваа општина, односно доизградба и отварање на детска градинка во населено место Прдејци. Иако е обезбедена целосна опрема за потребите на оваа градинка, општината предводена од  градоначалникот г-дин Сашо Поцков се соочува со проблем во изминатите три години. Имено, проблемот е во тоа што иако ја поседуваат целосната потребна документација за доизградба и отворање на истата, наидува на негативно мислење од Министерство за образование (МОН) кое не е засновано врз законска одредба.

Инспекторите по извршениот надзор ќе вложат напор за успешна разрешница на проблемот со кој што се соочува општината.