Учество на дебата дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“

Директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа заедно со инспекторите од Инспекторатот, присуствуваа на дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“.
Дебата беше во организација на НВО Инфоцентарот од Скопје, и се одржа во големата сала на Град Скопје. Присуство земаа и повеќе градоначалници од општините во Република Северна Македонија, како и градоначалникот на Град Скопје, г-дин Петре Шилегов, директорката на ЗЕЛС, како и претставници од Инспекциски Совет и другите инспекторати.
Се дискутираше за неколкуте проблеми со кои се соочуваат општинските инспекторати, како и на потребата од итно менување на постојната регулатива, од причини што не сите општини имаат капацитет да издржат инспекторат на свој грб, ниту пак имаат толкав човечки потенцијал.