Средба со Државниот инспекторат за земјоделство

Државниот инспекторат за локална самоуправа,  оствари работна средба со г-дин Зоран Шапуриќ, директор на Државниот инспекторат за земјоделство.

Работната средба се одржа на 05.10.2020 година во просториите на Државниот инспекторат за земјоделство. На средбата двајцата директори разменија искуства од работењето со инспекторатите, а особено се осврнаа на можноста за одредени заеднички активности на двата инспекторати во руралните општини.