Средба на Директорот на ДИЛС г-дин Сенад Амети со преставниците на Полио Плус

Денеска (04.02.2021) во просториите на Полио Плус Директорот на Државниот инспекторат на локална самоуправа г.дин Сенад Амети и неговите соработници г-дин Јонуз Фејзула и г-дин Сали Мустафа остварија средба со преставници од Полио Плус Елена Кочоска и Јулиана Климоска . На задничката средба се посочи дека мониторингот и надзорот на законитоста на прописите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје се од големо значење за заедницата со и без хендикеп. ДИЛС и Полио Плус се договорија да ја зајакнат својата соработка и да покренат заеднички активности во следниот период во насока на унапредување на мониторинг рамка, како и за доследна имплементација на законите на локално ниво согласно обврските од Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.