Работна Средба

Директорот на државниот инспекторат за локална самоуправа, Сеад Садикоски оствари работна средба со министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

На средбата директорот му посака успех на новото работно место на министерот Милевски и го информираше за тековните активности и проекти на инспекторатот, бројот на инспекциски надзори како и заложбите и плановите на инспекторатот за понатамошното работење.
Директорот Садикоски истакна дека е потребен координиран пристап за подобрување и зајакнување на работењето на инспекторатот, поголема активност и подобрување на работните услови за подобро функционирање на истиот, за што министерот Милевски изрази подготвеност за поддршка.

Директорот и министерот се сложија за понатамошна соработка. Договорени се редовни координативни средби помеѓу министерството за локална самоуправа и државниот инспекторат за локална самоуправа.