Продолжуваат работилниците за изготвување на Стратегијата за ДИЛС 2020-2025 поддршка на УНДП

На 22.01.2020 година Државниот инспекторат за локална самоуправа со поддршка на УНДП ја одржа третата работилница за изготвување на Стратегијата за ДИЛС 2020-2025.
На работилницата присуствуваше директорот Сеад Садикоски, инспекторите и останатите вработени кои дадоа свој придонес со идеи од досегашните искуствата на работењето на институцијата. На третата работилница се дефинираа одговорностите и деталите во планирањето на идните активности на институцијата.
ДИЛС како единствена и уникатна институција во регионот, но и пошироко, е модел кој е во процес на дооформување и доразвивање, за да биде пример на функционална институција која треба да биде регионален лидер во областа на надзорот над единиците на локалната самоуправа.
Со тоа стремиме и услугите на ЕЛС кон граѓаните да бидат на позадоволително ниво.
А токму тоа е целта на стратегијата и на досегашниот ангажман и активности на директорот Сеад Садикоски и неговиот кабинет.