Работна средба во Министерството за Правда на Кантон Сараево

На 18.09.2019 година, директорот на ДИЛС, Сеад Садикоски оствари работна средба со Министерката за Правда и управа на Кантонот Сараево, Лејла Брчиќ, и со државната секретарка на истото министерство, Индира Шуловиќ.На состанокот беа разменети информации за моменталната политичка состојба во секоја од државите, со акцент на чекорите кон евро-атлантските интеграции. Исто така беа претставени надлежностите и функционирањето на двете институции.Министерката Брчиќ нагласи дека оваа посета е во вистинско време и од голема корист, со оглед на тоа што во јули месец е усвоен законот за локална самоуправа во форма на нацрт, а експертските забелешки и искуства на ДИЛС се од посебно значење.Министерката го прифати повикот на инспекторатот за возвратна посета, како и можноста за студиско искористување на капацитетот на знаењето и искуството на ДИЛС во однос на новиот закон за локална самоуправа на Кантонот Сараево.