Делегацијата на ДИЛС примена од страна на градоначалникот на град Цазин, Нермин Огрешевиќ

На ден 16.09.2019 година, делегацијата на ДИЛС на чело со директорот Садикоски беше примена од страна на градоначалникот на град Цазин, Нермин Огрешевиќ и неговиот советник Хамдија Љубијанкиќ во просториите на градот Цазин.
Претставниците на двете делегации взаемно се запознаа со работата на институциите. Градоначалникот Огрешевиќ пројави посебен интерес за процесот на децентрализација, гледајќи го како можност за поефикасно функционирање на единиците на локалната самоуправа.
Цазин е најразвиената општина во Унско-Санскиот Кантон, што се должи на добрата работа и соработка помеѓу општината и кантонот, и доброто менаџирање на условите за домашните и странските инвеститори, како и искористувањето на фондовите на ЕУ.
Градоначалникот Огрешевиќ изрази желба Државниот инспекторат за локална самоуправа да посредува во збратимувањето на Цазин со некоја општина од Р.Северна Македонија, на што директорот Садикоски изрази подготвеност за што побрзо остварување на истото и можност за нивно поврзување во областа на бизнисот, образованието и културата.
Тие исто така дадоа заедничка изјава пред медиумите:
“Ја избравме општината Цазин за посета, како една од понапредните локални заедници во БиХ, со намера да воспоставиме комуникација и соработка, да ги пренесеме нашите искуства во процесот на децентрализација на општините и реализирање на проекти од фондовите на ЕУ. Исто така, гледаме голем простор за дополнителни надлежности на општините во БиХ кои би требало да се прошират и ускладат согласно Европската Повелба за локална самоуправа а со цел подобро функционирање во корист на граѓаните. Сметаме дека е потребно да воспоставиме една подлабока соработка и дека навистина постојат големи можности за воспоставување на трајни односи помеѓу вашата општина и општина од нашата земја” – изјави директорот Сеад Садикоски.
“Денес имавме драги и значајни гости лд Република Северна Македонија. Низ разговорите увидовме дека постојат доволно заеднички теми и интереси, и дека постои навистина голем потенцијал за соработка. Ние како заедница сме заинтересирани и отворени, а бидејќи се работи за едно регионално ниво, мислам дека е исклучиво битно да комуницираме, да имаме пријателски врски и да можеме да обезбедиме добри партнерски односи на различни проекти” изјави градоначалникот Нермин Огрешевиќ.