Делегацијата на ДИЛС на чело со директорот Сеад Садикоски беше поканета во просториите на Владата на Унско-Сански Кантон, на средба со министерот за внатрешни работи Нермин Кљаиќ и со советникот на премиерот на истиот кантон Мирсад Топчагиќ


На 17.09.2019 година, делегацијата на ДИЛС на чело со директорот Сеад Садикоски беше поканета во просториите на Владата на Унско-Сански Кантон, на средба со министерот за внатрешни работи Нермин Кљаиќ и со советникот на премиерот на истиот кантон Мирсад Топчагиќ.
На состанокот двете страни ја претставија работата на своите институции, а стана збор и за политичко-безбедносната состојба на двете земји. Директорот Садикоски се осврна на брзиот процес на ратификација на членството на Р. Северна Македонија во НАТО и можноста оваа година да станеме полноправна земја членка, како еден од битните чинители за безбедноста, но и за привлекување и остварување на странските инвестиции.
Министерот Кљајиќ беше посебно заинтересиран за процесот на децентрализација, односно за престоечката трета фаза која подразбира префрлање на одредени ингеренции од централно на локално ниво во работата на Министерството за Внатрешни работи.
Исто така, стана збор и за искуствата за справувањето на локалната и централната власт во областа на миграциите, со кои ние како држава интензивно се соочувавме во 2015-16 година, а што е голем предизвик во моментов за нивниот кантон.