Вонреден инспекциски надзор во општина Кисела Вода

Директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Сеад Садикоски, присуствуваше на вонреден инспекциски надзор во општина Кисела Вода.
При тоа, директорот оствари официјална средба со градоначалникот Филип Темелковски. Градоначалникот го запозна директорот со моменталната состојба на општината и со предизвиците со кои се соочуваат и за развојот на општината. Согласно вонредниот инспекциски надзор од темата на урбанизмот, присуствуваше и преставник од секторот за урбанизам кој се осврна на таа тема.
На крајот на средбата стана збор и за потребата од дигитализација на работата на Советот на општината Кисела Вода, што подразбира снимање на седниците на Советот, по примерот на други општини во земјава. Дигитализацијата е начин за зголемувањето на транспарентноста на работата на Советот, подобрување на информираноста на граѓаните и олеснување на надзорот од страна на инспекторатот врз донесувањето на одлуките Советот.