Вонреден инспекциски надзор во скопската општина Гази Баба

Директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Сеад Садикоски, присуствуваше на вонреден инспекциски надзор во скопската општина Гази Баба.
При тоа, директорот оствари официјална средба со градоначалникот Борис Георгиевски. Градоначалникот го запозна директорот со моменталната состојба на општината, со предизвиците со кои се соочуваат и со активностите за развојот на општината.
На овој ден во 2016-та година се случија и поплавите во Ченто и с. Стајковци, при што градоначалникот се осврна и на таа тема, при што нагласи дека до сега над 95 % од канализацијата и патиштата се обновени за непречен сообраќај на граѓаните. Тој истакна и задолство од досегашното подобрување и нормализација на условите за живот на граѓаните од овие подрачја.
Двајцата разговараа за работата на општинскиот Совет и за битноста на навременото доставување на Службените Гласници по завршувањето на седниците, при што градоначалникот посебно се зазеде за навремено доставување на истите.

