Вонреден инспекциски надзор во општина Петровец
Директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, присуствуваше на вонреден инспекциски надзор во општина Петровец.
При тоа, директорот оствари официјална средба со градоначалникот Борче Митевски и со секретарот на општината Зоран Велковски. Градоначалникот го запозна директорот со моменталната состојба на општината, со предизвиците со кои се соочуваат и со активностите за развојот на општината. На состанокот се разгобараше на теми од областа на урбанизмот, патниот сообраќај и идната економска зона покрај меѓународниот аеродром Скопје. Тој ја истакна поврзаноста со новиот автопат Скопје – Штип како клучна за поврзувањето со главниот град и развојот на селата Средно и Долно Коњари.
Директорот Сеад Садикоски изрази задоволство од начинот на досегашното менаџирање на меѓу-човечките односи од страна на градоначалникот и го истакна добриот соживот меѓу припадниците на различните етникуми и конфесии кои живеат на територијата на општина Петровец.